
Иако скоро беше договорено Родри да премине од Манчестер Сити во Реал Мадрид, во последен момент се вмеша Барселона и практично го грабна најдобриот играч од Светското првенство од својот најголем ривал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Родри вчера ја извести управата на каталонскиот клуб дека сака да стане дел од тимот на Ханси Флик, со што би се елиминирала секоја можност да премине во Реал Мадрид, пишува Марка.
Флик лично го контактираше играчот од средниот ред, како и претседателот на Барселона Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко, но шпанскиот играч не ја донесе својата одлука по разговорите со нив.
Според пишувањата на шпанските новинари, Флик, Лапорта и Деко ги претставиле своите планови на Родри, но за конечната одлука, освојувачот на Златната топка од 2024 година се консултирал со Пеп Гвардиола.
Родри го играше својот најдобар фудбал под водството на Гвардиола во Сити, а конечната одлука ја донесе на крајот по разговор со него.
Гвардиола, како легенда на Барселона, го советувал да оди во Каталонија, а Родри го послушал, како што го правел тоа многу пати во кариерата, и сега останува само клубовите да договорат обесштетување.
Се претпоставува дека Барселона ќе плати околу 50 милиони евра за одличниот играч од средниот ред и дека трансферот ќе биде официјализиран наредната недела.