
Родри повторно е во центарот на вниманието на шпанската јавност откако тамошните медиуми објавија нови детали за неговата трансфер сага во која се вклучени Реал Мадрид и Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите што доаѓаат од Шпанија, фудбалерот наводно никогаш сериозно не ја разгледувал можноста за премин во Реал Мадрид, иако Кралскиот клуб покажал голем интерес за неговото доведување.
Истите извори тврдат дека приоритет на Родри од самиот почеток била Барселона, поради што наводно не бил заинтересиран да ја прифати понудата на најголемиот ривал на каталонскиот клуб.
Како што соопштуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид направил конкретен чекор и испратил понуда до Родри, верувајќи дека тоа може да биде еден од најголемите трансфери во овој преоден рок.
Меѓутоа, според тие информации, одговорот од таборот на Родри никогаш не пристигнал.
Шпанските извори одат чекор подалеку и тврдат дека целата ситуација се искористила за привлекување на вниманието на Барселона и за забрзување на нејзината реакција во борбата за потписот на овој фудбалер.