
Светскиот шампион со Шпанија Родри изгледа се поблиску до трансфер во Барселона и дал зелено светло за премин кон каталонците, пренесуваат новинарите Фабрис Хоукинс и Жерар Ромеро.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ситуацијата со 30-годишниот халф на Манчестер Сити претрпе значителен обрат во последните неколку дена, откако долго време се сметаше дека добитникот на „Златната топка“ за 2024 година ќе пристигне во големиот ривал на „блаугранас“ Реал Мадрид. Преговорите меѓу Родри и „кралевите“ меѓутоа запнаа и од тоа очигледно ќе искористи Барселона.
Според информациите на горе споменатите новинари, полушпилерот веќе дал своето „да“ за трансфер на „Камп Ноу“, а Реал и Манчестер Сити се информирани за неговата одлука. Експертот за трансфери Фабрицио Романо и „Мундо Депортиво“ засега не се толку категорични, но потврдуваат дека фудбалерот, кој беше избран за најдобар играч на Мондиал 2026, ја информирал Барселона за неговата желба за преговори.
Во убедувањето на Родри учествувале тренерот на шампионите на Шпанија Ханзи Флик, кој разговарал по телефон со него, како и големата ѕвезда Ламин Јамал.
Родри има желба да се врати во Шпанија, за да биде поблиску до своето семејство и нема да го обнови договорот со Ман Сити, кој истекува наредната сезона. Очигледно пак сериозната повреда на Френки Де Јонг ги изменила плановите на Барселона и во клубот одлучија да се засилат во средината на теренот, иако имаат многу фудбалери на таа позиција.
Сега топката е кај каталонците, кои треба да делуваат брзо. Се очекува понуда од 60-70 милиони евра да биде доволно задоволителна за Манчестер Сити.