Дома Фудбал АРСЕНАЛ ГО ЛАДИ ШАМПАЊОТ: Винисиус на праг на Лондон!

АРСЕНАЛ ГО ЛАДИ ШАМПАЊОТ: Винисиус на праг на Лондон!

Винисиус Жуниор денеска имаше состанок со претставниците на Реал Мадрид за нов договор. Како што претходно беше пишувано, разликата е во платата што ја нуди Реал од 22 милиони евра и што ја бара Бразилецот од околу 30 милиони евра.

„Кралскиот клуб“ му даде ултиматум веднаш да ја каже одлуката бидејќи не сакаат да чекаат и никој не е над клубот.

Од друга страна, шпанските медиуми пишуваат дека во Арсенал почнале да слават бидејќи се сигурни дека Винициус доаѓа.

Спортскиот директор Андреа Берта им кажал на сите во клубот дека работата е завршена и дека само се чека да биде официјализирана.

Претходно беше пишувано дека Реал ќе бара минимум 150 милиони евра за обештетување за Бразилецот кој е во Мадрид од 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта му се обрати на најдобриот во светот: Тебе те чекаат 105.000 гледачи на Камп Ноу, ти одлучи сам!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повторно зборуваше за Лионел Меси и откри дека к…