Напаѓачот на Еверон, Вејн Руни во вчершниот натпревар против Вест Хем постигна хет-трик, а знаете ли колку долго англискиот ветеран чекаше за да постигне три гола на еден натпревар?
За Руни ова беше прв хет-трик во дресот на Евертон, клубот во кој ја започна професионалната кариера, а најголемиот дел од истата помина во Манчестер Јунајтед од каде што во текот на летото се врати на „Гудисон“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Евертон го декласираше Вест Хем со 4:0, Дејвид Мојс го доживеа петиот пораз од својот поранешен клуб во исто толку натпреварот. Шкотот во натпреварите против Евертон има гол разлика од 0:12.
Како што кажавме Руни во овој натпревр постигна хет-трик и така стигна до бројката од седум погодоци оваа сезона, Вејн Руни на нов хет-трик чекаше повеќе од шест години, пред овој натпревар тој последен пат три гола на еден натпревар постигна на 10 септември 2011 година.
Прецизните Англичани пресметаа дека Руни на нов хет-трик чекал 2272 денови.