
Сагата околу Винисиус Жуниор и неговиот трансфер од Реал Мадрид во Арсенал продолжува и утрово, бидејќи шпанските медиуми пренесуваат што одлучи Микел Артета кога станува збор за Бразилецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се погласни се шпекулациите дека Винисиус Жуниор ова лето ќе го напушти Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Арсенал, што без сомнение би бил најголемиот трансфер во моменталниот преоден рок.
Винисиус веќе со години е еден од најдобрите играчи на Реал, но работите се комплицираа кога станува збор за преговорите за неговиот нов договор.
Бразилецот со „Кралевите“ има договор до крајот на следната сезона и сè уште не постигна договор за продолжување, бидејќи клубот не сака да му ја даде платата што ја бара. Поради тоа, сè погласни се приказните дека Винисиус сериозно размислува да го напушти Реал, а неговата нова дестинација би можела да биде Арсенал.
„Топчиите“ покажаа огромен интерес за Винисиус, бидејќи знаат дека со неговото доаѓање ќе добијат огромно засилување и се подготвени да платат повеќе од 100 милиони евра за него.
Вчера од Англија пристигнаа вести дека Арсенал решил да оди на сè или ништо кога станува збор за Винисиус, а сега и шпанските медиуми објавија дека тоа најдобро го потврдува потегот на Микел Артета.
Тренерот на Арсенал сака со сите сили да го донесе Винисиус во својот тим, а информациите што пристигнуваат говорат дека тој целосно се вклучил во оваа работа и ги презел работите во свои раце.