Дома Фудбал УЕФА и ФИФА во конфликт, Реал се огласи – знаете ли на чија страна застанаа „кралевите“?

УЕФА и ФИФА во конфликт, Реал се огласи – знаете ли на чија страна застанаа „кралевите“?

Реал Мадрид се огласи во врска со „конфликтот“ меѓу ФИФА и УЕФА, предизвикан од првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, со неговиот предлог за продажба на дел од Светското првенство и натпреварувањата во организација на ФИФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последните неколку дена, големо внимание на светската јавност привлече планот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да продаде дел од Светското првенство на приватни инвеститори, како и останатите натпреварувања организирани од меѓународната фудбалска организација.

Дури и до националните сојузи Инфантино испрати писмо во кое бара да се изјаснат по ова прашање, ветувајќи им голема финансиска корист во случај да го поддржат неговиот предлог.

Сепак, неговиот план предизвика многу реакции, а прво се огласи Европската фудбалска федерација чиј претседател Александер Чеферин свика итен состанок на кој членките едногласно одлучија да го отфрлат предлогот на Инфантино.

УЕФА дури и се закани дека ќе ги бојкотира сите натпреварувања на ФИФА доколку предлогот биде усвоен, а веднаш по УЕФА, предлогот го отфрлија и КОНКАКАФ (Северна и Средна Америка) и Азиската фудбалска конфедерација (АФК).

Секако дека поддршката од Реал многу значи за УЕФА, а не му одговара на Инфантино кој би можел да ја загуби позицијата на прв човек во светскиот фудбал поради оваа иницијатива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија помина добро на ждрепката: Тетовци го дознаа можниот ривал во плејофот од Конференциската лига

Шкендија го дозна потенцијалниот противник во плејоф-фазата од Конференциската лига на УЕФ…