Дома Фудбал Официјално: Челси претстави ново засилување кое потпиша до 2033 година 

Официјално: Челси претстави ново засилување кое потпиша до 2033 година 

Челси официјално доби ново засилување за сезоната 2026/27. Аргентинскиот репрезентативец Валентин Барка пристигна од францускиот Стразбур и потпиша долгорочен договор со лондонскиот клуб кој важи до летото 2033 година.

Веста беше потврдена од самиот клуб, со што заврши повеќемесечната приказна за трансферот на талентираниот фудбалер на „Стамфорд Бриџ“.

Барка, кој може да игра на позицијата лев бек, но и во средниот ред, има одлична сезона зад себе во дресот на Стразбур, каде го потврди огромниот потенцијал. Неговите игри привлекоа внимание на челниците на Челси, кои одлучија да го донесат како едно од клучните засилувања во проектот на новиот тренер Чаби Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двојната круна му донесе ново признание: Киву е најдобар тренер во Серија А

Кристијан Киву ја доби „Златната клупа“ за сезоната 2025/26, а Масимилијано Алвини беше на…