
Арсенал, според извештаите на шпанскиот медиум „Estadio Deportivo“, направил нов голем чекор на трансфер пазарот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лондонскиот клуб наводно испратил официјална понуда до Астон Вила за англискиот репрезентативец Езри Конса. Истиот извор тврди дека понудата вреди дури 75 милиони евра.
Со тоа, Топчиите јасно покажале колку сакаат да го доведат еден од најдобрите стопери во Премиер лигата.
Конса веќе неколку сезони е еден од најважните играчи на Астон Вила. Со своите одлични настапи, тој обезбеди место и во репрезентацијата на Англија.