Дома Фудбал Арсенал го договори својот втор најскап трансфер во историјата

Арсенал го договори својот втор најскап трансфер во историјата

Арсенал го постигна договорот за пристигнување на капитенот на Њукасл, Бруно Гимараес, во трансакција вредна 80 милиони фунти, односно приближно 94 милиони евра, објави Гери Џејкоб од The Times.

Бруно Гимараес треба да го помине медицинскиот преглед во понеделник, по што се очекува потпишување на петгодишен договор со актуелниот англиски првак. Клубовите се уште го немаат службено потврдени трансферот.

Според информациите на The Times, Арсенал треба да плати 70 милиони фунти, односно околу 82 милиони евра, додека дополнителни десет милиони фунти – приближно 12 милиони евра – ќе зависат од бонуси. Вкупната вредност на трансакцијата може да достигне 93,6 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има нов голман

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус кој важи до крајот …