
Зинедин Зидан уште не ја водел својата прва средба на клупата на репрезентацијата на Франција, а веќе предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесува RMC Sport, билетите за неговото деби се распродадени за помалку од 24 часа.
Сето тоа резултираше што сите 80.000 места на стадионот Stade de France веќе се резервирани.
Франција на 2 октомври на свој терен ќе ја пречека селекцијата на Италија.
Ќе биде тоа прв официјален меч на легендарниот Французин во улога на селектор на Триколорите.