Дома Фудбал УЕФА се радува на одлуката на ФИФА и најавува офанзива без милост

УЕФА се радува на одлуката на ФИФА и најавува офанзива без милост

Како што се очекуваше, по изјавата на Инфантино дека се откажува од продажба на дел од Светското првенство на приватни инвеститори, реагираше и УЕФА – и тргна во офанзива.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Европската фудбалска унија се огласи по двата дена бура предизвикани од идејата на Инфантино да ги продаде акциите на Светското првенство. 

Неговиот план наиде на остар одговор од сите најважни организации, предводени од УЕФА. 

„УЕФА ја поздравува одлуката на ФИФА да го повлече планот за продажба на уделите во своите натпревари – вклучувајќи го и Светското првенство – во приватни раце. Предлогот беше едногласно одбиен од националните асоцијации на УЕФА и многу други федерации и конфедерации од сите големини низ целиот свет, чие работно поле е да го заштитуваат фудбалот”, стои на почетокот од соопштението на УЕФА.

Од УЕФА потсетија на времето кога Инфантино ја доби довербата да ја води ФИФА и на зборовите кои тогаш им ги упати на делегатите.

“Кога Џани Инфантино побара доверба и гласови од членките на ФИФА за да биде избран за претседател во 2016 година, рече: “Секако дека треба да бидеме транспарентни. Така бев во последните 15 години од мојот живот во УЕФА. Ќе треба секојдневно да играте улога во животот на ФИФА”, пред да им каже на собраните заинтересирани страни: “Парите на ФИФА се ваши. Тоа не се парите на претседателот на ФИФА. Тоа се вашите пари. Вие сте националните сојузи и парите на ФИФА мора да служат за развој на фудбалот, а не за нешто друго”. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал постигна договор со Њукасл за Бруно Гимараеш

Арсенал постигна принципиелен договор со Њукасл за доведување на Бруно Гимараеш, објави „Е…