Дома Фудбал Суспензија од најмалку 10 натпревари за вакво однесување на фудбалери: Англија воведува големи промени!

Суспензија од најмалку 10 натпревари за вакво однесување на фудбалери: Англија воведува големи промени!

Фудбалерите кои ќе бидат прогласени виновни за дискриминација ќе се соочат со суспензија од најмалку 10 натпревари во согласност со заострените правила на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), кои стапуваат на сила во новата сезона, објави денес „BBC“.

– Во претходните сезони, суспензиите се движеа од шест до 12 натпревари за ‘потешки форми на прекршувања’ на правилото E3.2 на ФА, кое се однесуваше на недолично однесување што вклучува повикување на етничка припадност, боја на кожа, раса, националност, вера, пол, род, промена на пол, сексуална ориентација или инвалидитет. Ова заострено санкционирање, кое се однесува и на тренерите и на индивидуите во техничкиот простор, е дел од посветеноста на FA за создавање ‘фудбал без дискриминација’ – забележа „BBC“.

– Иако во изминатите години е постигнат значителен напредок, дискриминаторното однесување сè уште претставува предизвик во фудбалот. Заострените мерки се неопходни за да се справи со ваквото одвратно однесување – соопштија од FA.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jунајтед пред три години му даде гол на Сити од ситуација идентична како за сега што се жалат (Видео)

Реакции и дискусии предизвика постигнатиот гол на Ерлинг Халанд во градското дерби против …