
Шкендија вечерва ќе го одигра реванш-натпреварот против словенечки Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига, со задача да ја надомести минималната негатива од 2:1 по првиот меч во Словенија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Средбата ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а од клубот донесоа одлука влезот да биде бесплатен за сите љубители на фудбалот, со цел трибините да бидат што поисполнети и екипата да добие силна поддршка во обидот да избори пласман понатаму.
Тренерот Артим Положани ја поздрави ваквата иницијатива, истакнувајќи дека клубот сака да ја почувствува поддршката од сите свои симпатизери.
„Шкендија не се само ‘Балистите’, кои беа со нас и во Словенија. Сакаме што повеќе наши навивачи да дојдат на стадионот и со нивната поддршка заедно да се радуваме на успех“, порача Положани.
Натпреварот започнува во 20:00 часот, а евентуален триумф и пласман во третото квалификациско коло би значел дека Шкендија ќе остане единствениот македонски претставник во европските натпреварувања, откако Вардар беше елиминиран од летонска Рига.