Дома Фудбал Oва е планот на Инфантино за продажба на ФИФА, секоја држава да добива 15 милиони евра, поврзан е и Трамп

Oва е планот на Инфантино за продажба на ФИФА, секоја држава да добива 15 милиони евра, поврзан е и Трамп

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, ја изненади фудбалската заедница со иницијативата за претворање на Светското првенство во комерцијална можност. Вчера, Инфантино ги објави своите намери, планирајќи преку ќерка-компанијата “FIFA Forward Enterprise” да понуди за продажба 20 до 30 проценти од организацијата на Светското првенство на приватни инвеститори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според весникот Times, Инфантино предвидел големи финансиски стимули за сите 211 држави под ФИФА, доколку го поддржат овој проект. Тој постави услов, државите членки на ФИФА имаат 53 дена да се пријават за планот за да добијат значителни износи.

Според протеченото писмо, федерациите ќе добијат финансиски мотивации ако дозволат приватни инвестиции во најголемото фудбалско натпреварување.

Инфантино предвидува обезбедување финансиски пакет вреден 10 милијарди долари од кој секоја држава би добила околу 15 милиони фунти, односно 17,5 милиони евра, ако овој план се поддржи.

Што значи новиот план на Инфантино кој ги разбранува фудбалските води?

Во основа, би се формирала компaнија под името “FIFA Forward Enterprise” за оперативно управување со ФИФА турнирите, вклучувајќи ги машките и женските светски првенства, како и Светското клупско првенство.

ФИФА би го задржала мнозинскиот удел во оваа компанија, но инвеститорите би можеле да купат 20 до 30 проценти од акциите, што би можело да достигне вредност од милијарди долари.

Секој од 211-те членови на федерациите на ФИФА исто така би добил удел приближна вредност од 15 милиони фунти, кој би можеле да изберат да го зачуваат или да го продадат.

Инфантино би бил назначен за управување со компанијата откако ќе се повлече од водечката позиција во ФИФА, што е планирано за 2031 година.

Меѓу предложените инвеститори е Џошуа Кушнер, млад брат на зетот на Трамп, Џаред Кушнер, со што американскиот претседател Доналд Трамп директно се поврзува со оваа фудбалска револуција.

Сепак, предлогот веднаш доби негодување. Европската фудбалска унија (УЕФА) јасно изрази незадоволство од оваа одлука.

Понатаму, Sky Sports објави дека европските земји го разгледуваат и бојкот на Светското првенство доколку овој предлог биде усвоен.

Дополнително, северноамериканската и карипската фудбалска федерација, КОНКАКАФ, ја изрази својата сериозна загриженост поради недостигање на транспарентност во спроведувањето на плановите и очигледниот недостаток на надзор при нивното осмислување.

Азиската фудбалска конферерација (АФК) денес исто така се огласи, истакнувајќи дека не сака да учествува во вакви самоволни потези на лидерите на глобалната фудбалска организација, нагласувајќи дека биле заобиколени во процесот на донесувањето одлуки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луда понуда од 1.5 милијарди евра: Меси го одбил најголемиот договор во историјата на фудбалот!

Претседателот на саудискиот фудбалски клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, изјави дека неговиот…