Дома Фудбал Останато Првиот човек на УФЦ пристигна во Србија, се сретна и со Вучиќ (Видео)

Првиот човек на УФЦ пристигна во Србија, се сретна и со Вучиќ (Видео)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес го пречека претседателот на УФЦ, Дана Вајт, за да разговараат пред претстојниот настан во Белград.

Настанот е закажан за сабота навечер, а Вучиќ во текот на денешниот ден му посака добредојде на Вајт во Србија.

На приемот присуствуваа и министрите Зоран Гајиќ и Дарко Глишиќ, претседателот на ММА сојузот на Србија, Лука Николиќ и други официјални лица.

“Ќе направиме сè што можеме за да ве угостиме на најдобр можен начин. Вие мора да прифатите сите наши понуди за да ви угодиме во следниве денови”, нагласи Вучиќ.

Вајт донесе шампионски УФЦ појас на приемот, со кој двајцата позираа.

“Ова е моето прво доаѓање во Србија. Ви благодарам за гостопримството”, рече Вајт при разговорот со Вучиќ.

Она што привлече особено внимание во јавноста е подарокот кој Вучиќ му го додели на Вајт, бидејќи станува збор за гусли.

“Имаме мал подарок за вас, сакаме да ви го дадеме. Ова е српското знаме, кое е нешто што најмногу го сакаме и за кое се бориме. Многумина се бореа за него и за националните интереси на нашата земја. Исто така, имаме и гусли, тоа е традиционален српски инструмент. Мора да бидете вистински уметник за да знаете да свирите на него”, му порача Вучиќ на Вајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија со пораз од Португалија ги загуби сите шанси за место во осминафиналето

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и четвртиот пораз на Европското првенст…