Дома Фудбал Луда понуда од 1.5 милијарди евра: Меси го одбил најголемиот договор во историјата на фудбалот!

Луда понуда од 1.5 милијарди евра: Меси го одбил најголемиот договор во историјата на фудбалот!

Претседателот на саудискиот фудбалски клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, изјави дека неговиот клуб се обидел да го ангажира Меси откако тој го напушти ПСЖ, нудејќи му договор што светот на спортот досега не го видел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според неговите зборови, Ал-Итихад на легендарниот Аргентинец му понудил дури 1,5 милијарди евра за да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Меѓутоа, и покрај рекордната понуда која би обезбедила финансиска сигурност за неколку генерации, Меси не размислувал долго.

“Му понудивме 1,5 милијарди евра, но тој ја одби нашата понуда бидејќи неговото семејство сакаше да живее во Мајами”, изјави Ал Хаили.

Претседателот на Ал-Итихад призна дека клубот бил изненаден од брзината со која аргентинскиот ас донел одлука.

“Најмногу нè изненади фактот дека не се двоумеше ниту секунда. Можеше да се обиде да го убеди своето семејство да ја прифати понудата, но не сакаше. Избра семејството пред парите”, истакна Ал Хаили.

Додаде дека во клубот целосно ја почитуваат одлуката на Меси, укажувајќи дека постојат нешта што се поважни од било кој финансиски износ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Блесна ново чудо во „Ла Масија“: Сите во Барселона се воодушевени!

Барселона наскоро може да добие уште еден блескав скапоцен камен од прочуената Ла Масија. …