Дома Фудбал Крај на една голема ера: Мануел Ноер најави кога се повлекува од репрезентацијата!

Крај на една голема ера: Мануел Ноер најави кога се повлекува од репрезентацијата!

Легендарниот германски голман и симбол на Баерн, Мануел Нојер, се подготвува за својата 16-та сезона во дресот на баварскиот гигант, а тоа ќе биде вкупно неговото 21-во учество во Бундеслигата. Сепак, изгледа сè поизвесно дека сезоната 2026/2027 ќе биде последната во неговата кариера.

Иако се приближува кон својата 40-та година и минатата сезона не беше на нивото кое го посакуваше, заедно со настапот на Светското првенство и зголемената конкуренција од младиот Јонас Урбијг, Нојер во интервју за германскиот Bild искрено зборуваше за своите видувања и потврди дека се планира да ги закачи ракавиците летото 2027 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој германски чувар на мрежата, кој пред да им се придружи на Баварците играше пет сезони во Шалке 04, го објасни мотивот што го води да одигра уште една, проштална сезона.

“Не играм размислувајќи дека секој натпревар може да биде мојот последен. Иако можеби тоа е последниот пат кога стапнувам на некој стадион. Но, изгледа многу веројатно дека ќе заминам во пензија. Во повеќето случаи, би ја завршил кариерата уште на крајот од минатата сезона, но едноставно е прекрасно да се игра во овој тим и со овој стручнa екипа. Секогаш имаме можност да се бориме за сите трофеи и како колектив сме на врвот. Поради ова, оваа екипа и структурата што ја имаме во клубот се тие 15 проценти што ме натераа да си кажам: ‘Морам да продолжам’. Ова е вистинско уживање”, кажа Нојер.

По повеќе од две децении на највисоко ниво, во кои редефинираше улогата на модерниот голман, љубителите на фудбалот ширум светот ќе имаат можност да го следат веројатно последното поглавје во кариерата на еден од најдобрите чувари на мрежата во историјата на овој спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси го заврши најшокантниот трансфер на летото!

Челси комплетира уште еден трансфер во летниот преоден рок. Како што известува специјалист…