Дома Фудбал Кукуреља го исполни лудото ветување дадено за Светското првенство (Видео)

Кукуреља го исполни лудото ветување дадено за Светското првенство (Видео)

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља реши да го исполни ветувањето што го даде пред Светскиот куп, со трајно овековечување на лицето на селекторот Луис де ла Фуенте на своето тело.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кукуреља тврдеше дека доколку Црвената фурија го подигне трофејот, ќе го направи ликот на селекторот на своја кожа. Откако последниот судиски звиждук означи крај на натпреварот и почеток на големата прослава на Шпанците, веќе немаше враќање назад.

Една недела по триумфот, Кукуреља ја реализираше својата намера. Во својот дом ги прими преставниците од познатиот студио Ganga, реномирани по своите хиперреалистични тетоважи кои ги изработува шпанскиот уметник Хоакин Ганга, заедно да подготват дизајнот.

Студиото наскоро ја покажа и првата скица — станува збор за исклучително голем и деталeн портрет на де ла Фуенте. Иако точната позиција сè уште не е потврдена, сите знаци укажуваат дека ова импресивно дело ќе добие централно место на грбот на Кукуреља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aгентот на Левандовски откри како напаѓачот поради Барселона изгубил 200 милиони евра

Роберт Левандовски ја продолжи својата кариера во Соединетите Американски Држави носејќи г…