Дома Фудбал Македонец ќе биде тренер на еден од најголемите словенечки клубови!

Македонец ќе биде тренер на еден од најголемите словенечки клубови!

Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски е нов тренер на Олимпија од Љубљана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Олимпија вчера ја прекина соработката со досегашниот тренер Мишо Бречко, а раководството експресно реагираше и го избра Тренчовски за нов предводник.

Во љубљанскиот клуб македонскиот стратег ќе соработува и со нашиот напаѓач Димитар Митровски, кој е дел од составот на Олимпија.

Последниот тренерски ангажман Тренчовски го имаше во Радомље, каде што остави позитивен впечаток со резултатите што ги оствари. По заминувањето од клубот најави дека сака нов предизвик и исчекор во кариерата, а токму преземањето на Олимпија би претставувало најголемиот чекор во неговото досегашно тренерско патување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренчовски за Олимпија: Ќе тргнев ако требаше и пешки од Македонија!

Македонскиот тренер Југослав Тренчовски и официјално беше претставен како нов шеф на струч…