
Нов ден, нова возбудлива епизода во италијанскиот фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако беше објавено дека назначувањето на Андреа Пирло за селектор на репрезентацијата е стопирано со одлука на претседателот на Сојузот, токму Џовани Малаго излезе со информацијата за тоа кој ќе го преземе тимот на „азурите“ наместо Пирло.
„Роберто Манчини е новиот селектор“, изјави критикуваниот Малаго, кого веднаш по промоцијата го напуштија техничкиот директор Паоло Малдини и асистентот Леонардо.
Малаго не ја покажа својата загриженост по нивното заминување, затоа што новиот технички директор на ФИГЦ ќе биде уште еден шампион на Англија, Клаудио Раниери.
Фабио Капело не е воодушевен од овој избор. Тој се уште не му го простил на Манчини неговото претходно напуштање на клупата на националниот тим и смета дека таква личност не заслужува втора шанса.
„Јас веќе реков дека мојот избор беше Антонио Конте, кој заврши одлична работа со репрезентацијата. Манчини не е лош избор, но тоа што го направи – да го напушти тимот пред серија важни натпревари – не може лесно да се заборави“, рече Капело, од што може да се заклучи дека разидувањата околу изборот на селекторот на посрналата репрезентација ќе продолжат и во периодот што претстои.
Ќе потсетиме, Манчини тогаш ја напушти репрезентацијата, а набрзо потоа седна на клупата на Саудиска Арабија.