Дома Фудбал Шокантна снимка од Белгија: Пет маскирани лица нападнаа фудбалер среде бел ден (Видео)

Шокантна снимка од Белгија: Пет маскирани лица нападнаа фудбалер среде бел ден (Видео)

Белгиските медиуми денеска објавија шокантни вести и снимки од грабеж на фудбалерот Мохамед Гадафи Фусеини, играч на белгискиот прволигаш Унион Ст. Жилоаз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден присутните снимал какo група напаѓачи го влечат Фусеини од неговото возило.

Сведоците објаснија дека напаѓачот од Гана седел во паркиран автомобил кога му се приближила група маскирани мажи со качулки. Напаѓачите го извлекле со сила од автомобилот сред бел ден, обидувајќи се веднаш да му ги земат мобилните телефони.

Фусеини се обидел да се одбрани, но немал можност против петтемина напаѓачи, кои му грабнале скап часовник чија вредност се проценува меѓу 8.000 и 14.000 евра.

Додека четворица од нив се бореле со Фусеини, еден од напаѓачите го пребарувал неговиот автомобил, барајќи вредности.

И покрај драматичниот инцидент, Фусеини веќе вчера се врати на тренинзите во својот тим. Во клубот нагласуваат дека физичките повреди не се сериозни, но дека е разбирливо, фудбалерот се уште е потресен од случувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдено: Швајцарија била оштетена против Аргентина!

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), органот кој ги одредува правилата на и…