Дома Останати Кошарка Леброн предизвика финансиски земјотрес, еве по која цена сега се картите

Леброн предизвика финансиски земјотрес, еве по која цена сега се картите

Леброн Џејмс неодамна официјално потврди дека во следните две години ќе игра за Филаделфија 76ерси.

Тој потпиша двегодишен договор со вредност од осум милиони долари. Сепак, она што е сигурно е дека самото доаѓање на Џејмс ќе донесе значителни економски придобивки за Филаделфија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, според првичните проценки на ревизорските куќи, присуството на најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата може да генерира приходи помеѓу 250 и 430 милиони долари.

Првите ефекти веќе се видливи за 76ерси. Сезонските билети за новата сезона се распродадени, додека цените на поединечните билети се во постојан раст откако веста беше објавена.

За споредба, просечната цена на билетите во арената Ксфинити Мобајл минатата сезона изнесуваше 68 долари. Сега, за првиот пријателски натпревар на 17 октомври против Селтикс, најевтиниот билет чини 283 долари, иако сѐ уште не е потврдено дали Џејмс ќе игра.

Интересот на публиката е зголемен и поради фактот дека 76ерси, засилени и со доаѓањето на Џејлен Браун, се меѓу кандидатите за титулата шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тоа е Леброн: Ќе игра за Филаделфија, а ќе живее во друг град и ќе патува со хеликоптер

ЛеБрон Џејмс веројатно е најдобриот кошаркар на сите времиња, а следната сезона ќе ја мине…