Дома Фудбал Револуција во англискиот фудбал: Се воведува правило кое ќе ги спречи голманите да задржуваат време!

Револуција во англискиот фудбал: Се воведува правило кое ќе ги спречи голманите да задржуваат време!

Англискиот фудбал се подготвува да воведе правило кое може да ги елиминира така наречените “тактички временски паузи” и злоупотребата на медицински паузи од страна на голманите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според новите насоки, ако главниот судија дозволи влез на медицинскиот тим на теренот за да му биде укажана помош на голманот, тренерот на тимот има само 10 секунди да одбере еден играч од полето кој ќе мора привремено да го напушти теренот.

Тој играч ќе мора да помине една минута надвор од игра, оставајќи го својот тим со играч помалку додека на чуварот на мрежата му се укажува помош.

Предвидено е и строга санкција во случај на несоработка. Доколку тренерот во рок од 10 секунди не назначи играч кој ќе излезе, капитенот на екипата автоматски ќе биде исклучен за една минута.

Оваа мерка е директна реакција на сè почестата практика во современиот фудбал каде голманите без реален физички контакт или повреда легнуваат на тревникот во моменти кога противникот е во налет.

На овој начин, тренерите добиваа можност да одржат “бесплатен” мини временски тајм-аут, да поделат упатства на играчите и да го прекинат ритамот на противникот.

Со воведување на ова правило, Англичаните имаат за цел да го зачуваат континуитетот на играта и да спречат симулирање и тактички манипулации со медицински паузи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома најде напаѓач, ќе го плати 35 милиони евра

Рома успеа да добие напаѓач каков што бараше тренерот Џанпиеро Гасперини, и во нивните ред…