
Една недела по завршувањето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, Џани Инфантино преку Инстаграм сподели долга порака, каде што првенството го опиша како огромен успех. Но, поголем дел од објавата се однесуваше на остри критики кон новинарите, медиумите и сите оние кои во изминатите недели ги истакнуваа недостатоците, контроверзните одлуки и високите цени на билетите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Инфантино на критичарите им префрли дека се личности кои “седат зад своите тастатури, хартија и екрани и шират омраза и лажни информации”, обвинувајќи ги дека намерно создаваат раздор. Тој изјави дека медиумите злонамерно им дале премногу простор на оние кои не добиле виза за САД, додека ги игнорирале милиони одобрени барања.
Полемиките околу судењето и дисциплинските одлуки ги отфрли, напоменувајќи дека противниците не ги разбираат правилата кои, по негово уверување, се “широко прифатени во најголемите лиги во светот”.
Францускиот L’Équipe веднаш укажа на неколку важни факти кои Инфантино ги премолче. Тој се фалеше дека на сите им беше дозволен влез во САД без инциденти, но премолчи го случајот со сомалискиот судија Омар Артан, на кој му беше одбиен влез.
Ги бранеше дисциплинските одлуки на ФИФА, но не се осврна на телефонскиот повик на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше директно поврзан со укинувањето на суспензијата за Фоларин Балогун.
Иранскиот настап на турнирот го прикажа како доказ за заедништво, преќутувајќи дека беше под знак прашалник до последниот ден и условен со посебни правила. За цените на билетите кои предизвикаа негодување кај многу навивачи, не напиша ништо.