Дома Фудбал Реконструкција на Мурињо: Еве кој доаѓа, а кој заминува

Реконструкција на Мурињо: Еве кој доаѓа, а кој заминува

Како што се приближува почетокот на новата сезона во Примера, сѐ почесто се пишуваат предвидувања за составот на Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо и како ќе се обиде да ја освои титулата.

Јасно е дека ќе има и заминувања, исто како што има и пристигнувања. Најновата аквизиција на Кралскиот клуб е Јан Диоманде, кој ќе биде петтото засилување пред новиот почеток. Но, неколку ѕвезди кои досега беа дел од тимот ќе мора да го напуштат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се зборува и за можен ангажман на Родри, и покрај тоа што од Мадрид сеуште негираат дека имаат преземено конкретни чекори во врска со играчот на Манчестер Сити.

Според информациите од АС, сѐ уште нема официјална понуда, но се знае дека играчот има желба да се врати во шпанската лига, а Реал Мадрид би бил неговиот најпосакуван избор.

За да се отвори простор за новодојдените, особено во средината, Реал Мадрид ќе мора да се раздели со некои од сегашните играчи. Со доаѓањето на Бернардо Силва, конкуренцијата во средината на теренот е засилена, а ниту еден од средните играчи сѐ уште не го напуштил клубот.

Засега единствената промена е заминувањето на Дани Себаљос, кој минатата сезона малку играше, и продолжувањето на договорот на Орелиен Чуамени.

Можни заминувања:

Раул Асенсио (20 милиони евра според Трансфермаркт)
Гонзало Гарсија (30)
Франко Мастантунно (45)
Брахим Дијаз (35)
Едуардо Камавинга (50)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо подготвува големо изненадување, Челси тргна по 35-годишен напаѓач!

Иако Чаби Алонсо е тој што иницира интерес за овој играч, навивачите на Челси ќе бидат при…