Дома Фудбал Мбапе собра сили да се огласи по Мундијалот, објави писмо со многу емоции!

Мбапе собра сили да се огласи по Мундијалот, објави писмо со многу емоции!

Репрезентацијата на Франција го освои четвртото место на неодамна завршеното Светско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французите изгледаа моќно, се истакна нивниот капитен Килијан Мбапе, но потоа во полуфиналето се соочија со Шпанија каде што беа целосно надиграни, а во натпреварот за бронзата ги порази Англија.

Така Франција остана без медал, а нивниот најдобар играч и водечки стрелец на шампионатот, Мбапе, одлучи со отворено писмо да му се обрати на нацијата, споделувајќи ги своите мисли и чувства по Мундијалот.

“Ви благодарам.

Месец исполнет со емоции. Надминување на граници. Горди сме што го носиме дресот на Франција. И, пред сè, страст. Истата таа што нѐ движи на теренот и вас пред телевизорите или на трибините. Тоа е она што заедно го доживеавме. Неверојатна приказна. Незискривме тимски трофеј. Боли и ќе боли уште некое време, нема да ве лажам”, ги започна своите зборови Мбапе.

Со 10 постигнати голови, Мбапе беше најдобар стрелец на Светското првенство, но тоа не беше доволно за Франција да ја подигне “златната божица”.

“Титулата за најдобар стрелец ја прифаќам со гордост, но би било многу поубаво доколку со неа дојдеше и трофејот. Можеби ви должевме поубав крај. Но, не секогаш можеме да го избереме крајот на приказната, избираме што ќе внесеме во неа, а ние дадовме сè од себе. Затоа сме горди. Благодарам на моите соиграчи. Без нивниот труд, трчање, додавања и тимски дух кој не носеше од првиот до последниот натпревар, никогаш не би постигнал толку голови. Оваа награда подеднакво им припаѓа на тимот колку и на мене. Како дете сонував да отиграм барем едно Светско првенство. Играв на три, едно освоив, а оваа година ми беше чест да играм као капитен. Тоа никогаш нема да го заборавам. Сте останувале будни до доцна, понекогаш до длабока ноќ поради временските разлики, за да не гледате како играме на другата страна на светот. Се собирачте дома, во барови, со семејство и пријатели, низ цела Франција и вон неа“, горд е Мбапе на цела Франција.

“Другите беа веднаш до нас, на стадионите, со знамето преку рамената. Деца со очи полни со сјај, мажи и жени од сите потекла и генерации, собрани околу истото задоволство – заедништвото. Тоа е силата на овој спорт. Никогаш не не напуштивте, дури ни во најтешките моменти, дури ни тогаш кога можеби не го заслужуваме. Оваа приказна е напишана со милиони раце, а не само со единаесетмина на терен, водени од истата страст. На Дидие веќе му кажав сè што имав да му кажам и тој го знае тоа. Благодарам нему и на целиот стручен тим, физиотерапевтите, готвачите, кондиционите тренери, возачите, сите кои никој никогаш не ги гледа, а без кои ништо од ова не би било возможно. Благодарам и на сите кои не угостија во САД за време на ова првенство. Фудбалот е, на крајот, игра. Игра што ја сфаќаме многу сериозно, на која целиот живот и посветуваме обидувајќи се да ја совладаме, но и натаму е игра, со едноставни правила кои не се изменети откако првпат ја додирнавме топката: топка, гол и желба за постигнување погодок. Затоа не обединува со истата страст. Ова Светско првенство заврши, но приказната продолжува. Ќе има нови натпревари, нови летни и зимски вечери кога повторно ќе се собираме околу истата игра, со истата желба. Нашата заедничка приказна уште нема завршено. Ви благодарам на сè. Килијан Мбапе“, заврши капитенот на репрезентацијата на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пет трансфери кои Манчестер Јунајтед може да ги комплетира оваа недела

Манчестер Јунајтед се блиску до нови потези на трансфер-пазарот – и некои договори б…