Дома Фудбал Дарко Чурлинов има нов клуб!

Дарко Чурлинов има нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на чекор до нов трансфер во полската Екстракласа, каде што кариерата ќе ја продолжи во редовите на Погон Шчечин.

Полските медиуми објавуваат дека договорот меѓу двете страни е практично финализиран, а останува само да бидат завршени формалностите пред клубот официјално да го претстави македонскиот крилен фудбалер.

Чурлинов веќе има искуство од настапите во Полска, откако во сезоната 2024/25 го носеше дресот на Јагелонија Бјалисток, а сега е подготвен за нов предизвик во шампионатот, овојпат како член на Погон Шчечин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ја урна европската тврдина на АЗ, Копмајнерс погоди против својот брат

Копмајнерс и Коло Муани донесоа победа од 2-1 во Алкмар, каде АЗ немаше пораз на 17 послед…