Дома Фудбал Луда понуда: Арсенал на Винисиус му ја нуди најголемата плата во клупската историја!

Луда понуда: Арсенал на Винисиус му ја нуди најголемата плата во клупската историја!

Дали Винисиус Жуниор, еден од најдобрите фудбалери на светот, ќе го напушти Реал Мадрид? Ова прашање сè повеќе се поставува во Англија и во Шпанија, откако стана јасно дека Арсенал покажал сериозен интерес за услугите на бразилскиот фудбалер.

Англискиот шампион се стреми да го донесе на своите редови овој врвен фудбалер, кој влезе во последната година од договорот со Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводите за овој можен трансфер добиваат тежина преку веста која ја објави британскиот „Телеграф“, во која се споменува потенцијалната плата која Винисиус би ја имал во Арсенал, доколку се одлучи за селидба во Лондон.

Според истиот извор, неделната плата би можела да изнесува околу 470 илјади евра, што би била највисоката во историјата на клубот.

Она што ги охрабрува Топџиите е фактот дека Винисиус веќе подолг период не успева да постигне нов договор за продолжување на својот престој со Реал Мадрид.

До сега, за Реал Мадрид постигна вкупно 128 голови на сите официјални натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатниот Јапонец Миура на 59 години по четири сезони даде гол (Видео)

Најстариот активен фудбалер во светот, Јапонецот Казујоши Миура (59), по долг период од ре…