Дома Фудбал Готово: Возиња има нов клуб!

Готово: Возиња има нов клуб!

Возиња, кој се истакна на неодамна завршеното Светско првенство, ќе биде новиот член на славниот чилеански клуб Коло Коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голманот од Зеленортските Острови така ќе пронајде нова шанса по неговите импресивни настапи на Мундијалот.

„Веќе ги разгледуваме последните детали, но добивме потврда од неговото претставништво дека е постигнат договорот откако му понудивме понуда“, изјави претседателот на Коло Коло, Анибал Моса, и додаде:

„Би сакал да разговараме за деталите подоцна. Најпрво, сакам да потврдам дека Возиња ќе биде дел од Коло Коло. Тој ќе пристигне во Чиле, ќе ги помине потребните медицински прегледи, а потоа ќе биде претставен овде на стадионот Монументал“.

Коло Коло 34 пати беше шампион на Чиле, 14 пати ја освои титулата во Купот, како и четири Суперкупа. Имаат и еден трофеј од Копа Либертадорес, а во борбата за светскиот трофеј беа поразени од Црвена Звезда во 1991 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Незапамтена трагедија: Загина работник на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона

Голема трагедија се случи во петокот на градилиштето на стадионот „Камп Ноу“, каде што во …