Дома Фудбал МOK ја отфрли пријавата против Џани Инфантино, нема казна за претседателот на ФИФА

МOK ја отфрли пријавата против Џани Инфантино, нема казна за претседателот на ФИФА

Меѓународниот олимписки комитет (МOK) ја отфрли пријавата на организацијата за човекови права FairSquare против претседателот на ФИФА , Џани Инфантино, поради наводно кршење на правилата за политичка неутралност.

Како што е потврдено од МOK за „АФП“, „FairSquare“ во пријавата наведе дека Инфантино повеќепати ги прекршил правилата на МOK, давајќи политичка поддршка на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Од МOK соопштија дека Етичката комисија детално ја анализирала пријавата, но заклучила дека не е во нејзина надлежност, бидејќи меѓународните спортски федерации, според Олимписката повелба, ја задржуваат независноста и автономијата во управувањето.

Заклетвата што ја даваат членовите на МOK, меѓу кои е и Инфантино, ги обврзува да делуваат независно од комерцијалните и политичките интереси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Случајот Висдом се проширува: покрај лекарскиот документ, спорен и престојот?

По жалбата на Вардар за настапот на Окере Ебубе Висдом, се отвора и прашањето за неговиот …