
Мадридски Реал испратил понуда вредна 100 милиони евра до РБ Лајпциг за офанзивецот Јан Диоманд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вистинска бомба пристигна синоќа од Шпанија. Реал Мадрид започна преговори со РБ Лајпциг за можен трансфер на талентираниот крилен напаѓач Јан Диоманд, еден од најперспективните млади играчи во европскиот фудбал.
Според информациите од повеќе извори, мадридскиот гигант сака што побрзо да го обезбеди доаѓањето на 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, кој го смета за долгорочен проект.
Раководството на кралскиот клуб веќе воспоставило контакт со претставниците на РБ Лајпциг за да ги испитаат условите на потенцијалниот трансфер. На маса е и иницијална понуда од 100 милиони евра, од кои 90 милиони веднаш, плус 10 преку бонуси.
Сепак, германскиот тим ја одби оваа понуда. Тие сакаат повеќе од 100 милиони евра, а се претпоставува дека сумата што ја бараат е 120 милиони евра.
Преговорите ќе продолжат во наредниот период, но Кралевите не се единствениот клуб што го сака. Оддамна се зборува со францускиот ПСЖ, но договор нема.