
Познатиот фудбалски тренер Јирген Клоп (59) денеска официјално беше назначен за нов селектор на германската репрезентација, соопшти Германскиот фудбалски сојуз (DFB).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Федрацијата неодамна поради големиот неуспех на Светското првенство во Америка, Канада и Мексико, го разреши Јулијан Нагелсман. Брзо беше постигнат договорот со Клоп кој ќе го наследи младиот стратег.
Овој потег го означува големото враќање на Клоп на фудбалската сцена, со оглед на тоа што последната година и половина беше вработен во Ред Бул, каде што раководеше со глобалните фудбалски операции на компанијата.
Пред тоа, девет години беше кормилар на Ливерпул и влезе во историјата на клубот од Енфилд со освојување на титулата шампион на Англија и една титула на европски првак.
Клоп склучи договор до летото 2030 година, односно до завршувањето на Светското првенство кое тогаш ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко.