Дома Фудбал Играше на Светското Првенство, а сега е позитивен на кокаин

Играше на Светското Првенство, а сега е позитивен на кокаин

Австралискиот фудбалски репрезентативец Кристијан Волпато беше позитивен на кокаин при прелиминарното тестирање откако полицијата во Сиднеј го запре поради значително надминување на брзината. Дваесет и двегодишниот играч од средниот ред на Сасуоло управуваше со BMW, а полицијата го запрела двапати во истата ноќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полицијата наведува дека Волпато бил запрен нешто по еден час во ноќта додека возел преку мостот Анзак со брзина од 109 километри на час, на делница каде ограничувањето е 60 km/h. По запирањето, беше подложен на прелиминарен тест за дроги, чиј резултат беше позитивен на кокаин. Исто така, му беше земен втор примерок од плунката кој беше испратен на лабораториска анализа, така што истрагата уште не е завршена, а почетниот резултат од тестот допрва треба да се потврди. За сега против него не е поднесена казнена пријава поврзана со консумација на дрога.

Волпато доби казна поради надминување на брзината, а неговата меѓународна возачка дозвола е суспендирана на шест месеци, што значи дека во тој период не смее да вози во областа на австралиската федерална држава Нов Јужен Велс. Полицијата потврди дека го запрела и само неколку часа порано, околу 23 часот, на истата област. И тогаш возел побргу од дозволеното и получил казна, но алкотестот покажа дека не бил под влијание на алкохол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп на претставувањето се закани: Ова го правам за вас, ако тоа се случи – заминувам!

Јирген Клоп (59) денеска официјално беше претставен како нов селектор на фудбалската репре…