Дома Фудбал Ѓоковиќ: За 20 години сите ги научија пцовските на српски, затоа добивам казни

Ѓоковиќ: За 20 години сите ги научија пцовските на српски, затоа добивам казни

Секогаш полн со емоции на теренот, Новак Ѓоковиќ често знае да испушти пцовка за време на своите мечеви. Иако е свесен дека тоа не е баш примерено, посебно бидејќи има и деца кои го следат, тешко му е да се ослободи од таа навика.

– Тоа е начин да се ослободат емоциите за време на натпреварите – објасни најпознатиот тенисер на сите времиња на неодамнешниот „Фанатикс фест“ во Њујорк.

Неблагодарните и неизвесни тениски дуели носат со себе голема тензија, а пцовките се еден од начините да се ослободите од тој стрес.

– Кога играте, поминувате низ вистински ролеркостер на емоции – додава Ѓоковиќ.- Сами сте на теренот и затоа морате самите да се справувате со сè. А тенисот е навистина строгиот спорт.

Поради својот речник Ѓоковиќ често плаќа казни.

– Иако пцујам на српски, во последниве 20 години сите ги научија. Затоа добивам предупредувања, казни и слично“, изјави Ѓоковиќ со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса даде пет гола, а Флик бара напаѓач: Ни треба вистинска „деветка“!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, упорно го следи планот за доведување на нов напаѓач, и …