Дома Фудбал Приказна која допира до срцето: Еве зошто Кукуреља не ја крати косата

Приказна која допира до срцето: Еве зошто Кукуреља не ја крати косата

Долгата, виткана коса е веќе со години заштитен знак на Марк Кукурелја. Многу луѓе мислеа дека тоа е моден израз или, можеби, нешто од суеверие. Сепак, шпанскиот репрезентативец откри дека зад сè стои емотивна семејна приказна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како дел од светските шампиони и еден од најдобрите леви бекови во фудбалот денес, Марк Кукуреља години наназад не ја скратил својата коса, и никогаш не ја собира додека игра натпревари, независно од временските услови или важноста на играта.

Причината не е поврзана со фудбалот, напротив, таа е поради неговиот најстар син, Матео, на кој му е дијагностициран аутизам.

Кукурелја објаснил дека ја задржува распуштената коса за полесно да го препознае Матео на теренот. Поради аутизмот, на Матео му е потешко да ги идентификува луѓето, па затоа токму карактеристичната фризура му помага веднаш да го види својот татко меѓу сите играчи на теренот.

Фудбалерот и неговата долгогодишна партнерка Клаудија Родригез претходно отворено зборуваа за предизвиците со кои се соочуваа семејно по дијагностичирањето на Матео. Признаа дека со месеци барале одговори и поминале низ многу тежок период, но и дека токму нивниот син ги научил да гледаат на животот и секојдневните ситници од поинаков агол.

Затоа, карактеристичната фризура на Кукуреља не е само негов заштитен знак, туку и секојдневно потсетување на ветувањето што го дал на својот син.

Додека обожавателите во неговите витки прамени гледаат моден додаток, за шпанскиот репрезентативец тие претставуваат начин Матео, без разлика на големината на стадионот или важноста на натпреварот, секогаш да го најде со поглед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците бараат да се повтори финалето на Светското првенство: Повеќе од 100.000 луѓе потпишале петиција

Дел од аргентинските навивачи тврдат дека финалето против Шпанија го одбележало „корумпира…