
Голманот на Манчестер Сити, Џејмс Трафорд, наскоро би можел да го засили – Лидс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако досега Трафорд се поврзуваше со Њукасл, преговорите останаа замрзнати, па тоа го искористи Лидс кој веќе воспостави контакти со Манчестер Сити.
Карл Дарлоу го напушти Лидс и се пресели во Манчестер Јунајтед како слободен агент, па клубот бара нов голман и изборот падна на Трафорд.
Тој се врати во Сити од Барнли минатото лето во трансфер вреден 31.000.000 евра (со дополнителни бонуси кои не беа остварени), но наскоро стигна и Џанлуиџи Донарума, поради што Трафорд падна во втор план.
Тој има само 23 години, а за Сити има одиграно вкупно 17 натпревари.
Енцо Мереска нема ништо против неговата продажба, Донарума останува прв избор, а Трафорд може и да ја наполни касата, бидејќи е извонредно ценет како репрезентативец на Англија.