Дома Фудбал Преговорите започнаа: Дембеле во неверојатен трансфер си заминува од ПСЖ!

Преговорите започнаа: Дембеле во неверојатен трансфер си заминува од ПСЖ!

Неверојатни вести пристигнуваат од Франција, а станува збор дека Дембеле би можел да го напушти тимот на ПСЖ ова лето.

Саудискиот гигант, Ал Хилал, започна потрага по уште едно големо засилување, а на радарот на клубот се најде Усман Дембеле.

Според ексклузивни информации, Ал-Хилал веќе ги започна првичните контакти и се распрашува за можноста да го доведе францускиот репрезентативец.

Првите контакти наводно биле воспоставени со претставниците на Дембеле, а саудискиот клуб сега чека сигнал од фудбалерот.

Доколку Дембеле даде зелено светло за трансферот, Ал-Хилал потоа би започнал преговори со Пари Сен Жермен.

Францускиот клуб, пак, сака да ја задржи својата ѕвезда и подготвува нов договор за играчот кој во 2025 година ја освои Златната топка.

Токму поради тоа, евентуалниот трансфер нема да биде едноставна работа за Ал-Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе: Се чувствувам како да сум најдобар во светот!

Иако зад него остана разочарувачка сезона во која Реал Мадрид не освои ниеден трофеј, еден…