Дома Фудбал Потег кој никој не го очекуваше: Челси понуди 80 милиони за ѕвездата на Барса, па веднаш добија одговор

Потег кој никој не го очекуваше: Челси понуди 80 милиони за ѕвездата на Барса, па веднаш добија одговор

По разочарувачката сезона, во Челси работат со полна пареа кога станува збор за засилувања, а многумина се изненадија бидејќи се обидоа да ја доведат ѕвездата на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челси минатата сезона целосно потфрли на сите фронтови, и на Стемфорд Бриџ се свесни дека мораат да започнат со целосно обновување на играчкиот кадар.

Прво решија да го доведат Чаби Алонсо на тренерската позиција, а потоа во Челси започнаа да работат со полна пареа кога станува збор за засилувања.

Синоќа „Сините“ го завршија трансферот на Морган Роџерс од Астон Вила и им зададоа удар на Арсенал бидејќи се веруваше дека Роџерс ќе замине на Емиратс. Но, покрај тоа, Челзи направи уште еден неочекуван потег.

Шпанските медиуми наведуваат дека лондонскиот клуб покажал интерес за ѕвездата на Барселона и дека дури испратиле понуда на адресата на Каталонците.

Станува збор за Пау Кубарси кој зад себе има фантастично Светско првенство на кое освои трофеј со Шпанија, а веднаш по завршувањето на Мундијалот, челниците на Челзи започнаа акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Возиња не доби најмногу следбеници од Мундијалот, еве кој е на врвот

Светското првенство традиционално придонесува за зголемена популарност на фудбалот и самит…