Дома Фудбал Артета сака засилување од Манчестер Сити!

Артета сака засилување од Манчестер Сити!

Арсенал сериозно го разгледува ангажманот на Џон Стоунс, доколку се потврди дека повредата на Вилијам Салиба е поголема од очекуваното.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според “Сан”, англискиот шампион веќе почнал да ја истражува можноста за доведување на искусниот англиски бек, кој сега е слободен играч по заминувањето од Манчестер Сити.

Постојат гласини дека Салиба би можел да паузира до пет месеци, па Микел Артета бара брзо, но квалитетно решение за последната линија на одбрана.

Тој ги има Габриел, Москера, Инкапие, и Калафиори, кои ги користи на левата страна, но нивната флексибилност овозможува и настап како стопери. Сепак, очигледно е дека Артета сака да ја задржи истата длабочина на одбраната како во сезоната кога го освоија шампионатот.

Стоунс е особено интересен за Артета, бидејќи имаат заедничка историја од времето во Манчестер Сити.

Овој 32-годишен дефанзивец го напушти “граѓаните” на крајот од јуни по десет години на Етихад, каде што ги освои сите можни титули.

Пред три дена, Стоунс освои бронзен медал на Светското првенство со англискиот национален тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…