Дома Фудбал Морган удри по Аргентинците: Тие се група насилни хулигани, срамно!

Морган удри по Аргентинците: Тие се група насилни хулигани, срамно!

Фудбалската репрезентација на Шпанија синоќа ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и по втор пат се закити со титулата светски првак.

На крајот од финалето дојде до конфликт помеѓу аргентинските и шпанските играчи. Во фокусот на настаните беше аргентинскиот плејмејкер Леандро Паредес, кој влезе во расправија со Ерик Гарсија и Гави, што резултираше со директен црвен картон по последниот свиреж на судијата.

На ова агресивно однесување на Аргентинците реагираше познатиот британски новинар и ТВ водител, Пиерс Морган.

Тој посебно го спомена Паредес, а не ги поштеди ни останатите членови на „гаучосите“.

“Неприфатливо однесување на Аргентинците по завршната свирка, особено Паредес. Тие се само група насилни срамни хулигани и неправда за фудбалот. Никогаш не сум бил посреќен што видов екипа како губи,” напиша Морган на X.

Претходно го коментираше и политичкиот транспарент кој аргентинските фудбалери го истакнаа по победата над Англија во полуфиналето.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…