Дома Фудбал Шест репрезентации веќе се квалификуваа за Светското првенство во 2030 година

Шест репрезентации веќе се квалификуваа за Светското првенство во 2030 година

Фудбалската репрезентација на Шпанија со победа против Аргентина го освои Светското првенство по вторпат во својата историја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега следи пауза од четири години, а 2030 година ни носи ново Светско првенство на кое Шпанија ќе ја брани титулата првак.

По првпат досега, три земји од два континента ќе бидат домаќини на Светското првенство 2030 година.

Станува збор за Шпанија, Португалија и Мароко. Овие земји се избрани за домаќини на Светското првенство кое ќе се одржи за четири години.

Следното издание на Мундијалот носи „посебен“ додаток, а тоа е дека првите три натпревари од турнирот ќе се одиграат во Јужна Америка во рамките на прославата на стогодишнината.

За да се одбележи 100-годишнината од Светското првенство, Советот на ФИФА едногласно одлучи специјалната церемонија да се одржи во главниот град на Уругвај, Монтевидео, каде во 1930 година се одржа првото Светско првенство.

Поточно, првите три натпревари на Светското првенство 2030 година ќе се одржат во Уругвај, Аргентина и Парагвај.

Натпреварот во 1930 година се одржа во Уругвај, а победници беа домаќините кои во финалето ја победија Аргентина.

Во Парагвај, пак, се наоѓа седиштето на јужноамериканската фудбалска конфедерација.

Шпанија, Португалија и Мароко се избрани за домаќини на Светското првенство, што значи дека автоматски се квалификуваа за овој турнир.

Освен тоа, своето место на Мундијалот веќе го осигураа и Уругвај, Аргентина и Парагвај затоа што се домаќини на натпреварите од групната фаза по повод 100-годишнината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо понижен во Maдрид: Детал од прославата на Шпанците предизвика бура од реакции (ВИДЕО)

Фудбалерите на шпанската репрезентација се вратија во Мадрид, каде заедно со илјадници вер…