Дома Фудбал Трамп го украде шоуто на светските шампиони. Родри го замолуваше да се тргне, но безуспешно

Трамп го украде шоуто на светските шампиони. Родри го замолуваше да се тргне, но безуспешно

ШПАНИЈА стана новиот светски првак во фудбал. Во финалето на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Шпанците ја победија Аргентина со резултат 1:0 после продолженијата. Клучниот момент се случи во 106. минута, кога Феран Торес постигна гол за победата. Аргентина не успеа да го одбрани трофејот освоен во Катар 2022 година, додека Шпанија го повтори успехот од 2010 година. Голот можете да го видите ТУКА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот, нов инцидент приреди американскиот претседател Доналд Трамп. Тој инсистираше лично да го предаде победничкиот трофеј, иако според правилата на ФИФА, тоа е задача на претседателот на Светската фудбалска федерација. Џани Инфантино ги прекрши правилата на организацијата што ја води, за да го удоволи Трамп. Додека тие двајцата влегуваа на теренот за да ги доделат медалите и трофејот, трибините им свиркаа.

По предавањето на пехарот на шпанскиот капитен Родри, Трамп не сакал да излезе од кадар, и покрај тоа што го замолуваа и Родри и Инфантино. Ситуацијата може да ја видите ТУКА. Обично, претседателот на ФИФА се повлекува веднаш по предавањето на трофејот, за да им овозможи на победниците непречено да го започнат славењето, притоа фокусот да биде токму на нив.

Сепак, Трамп не се повлече, иако Инфантино кружеше околу него и му сигнализираше да го направи тоа. Родри исто така гестикулираше да се тргне. Паметните љубители на фудбалот ќе се сетат дека Трамп истото шоу го произведе и минатото лето на церемонијата за клубското СП, кога остана на сцената по предавањето на трофејот на Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус направил естетска операција, навивачите се шокирани од новиот изглед (Видео)

По завршувањето на Светското фудбалско првенство и поразот на Бразил од Норвешка, Винисиус…