Дома Фудбал Каде гледале судиите? „ Англија беше оштетена против Аргентина – ова беше 100% пенал“ (Видео)

Каде гледале судиите? „ Англија беше оштетена против Аргентина – ова беше 100% пенал“ (Видео)

Англија беше сериозно оштетена на полуфиналето на Светското првенство против Аргентина, по оценка на судискиот аналитичар, кое заврши со победа на јужноамериканската селекција со резултат 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Специјализираниот „Referee Channel“, кој ги анализира судиските одлуки текот на целиот шампионат, оцени дека на Англија и е одземен чист пенал.

Спорната ситуација се случи во првото полувреме, кога Андерсон падна во казнениот простор по дуелот со аргентинскиот дефанзивец Николас Таљафико додека се обидуваше да ја добие топката во скок.

Главниот судија Исмаил Елфат не покажа кон белата точка, а од ВАР собата не пристигна никаква интервенција.

„Додека Андерсон беше во скок, дефанзивецот влезе под него и го соборил. Воопшто не играше на топка, туку со контакт му оневозможи на противникот да ја продолжи акцијата. Според правилата на играта, ова е очигледен прекршок и апсолутно пенал”, се наведува во анализата.

Додава дека единственото непишано правило на професионалниот фудбал често доведува до тоа ваквите контакти во казнениот простор да не се санкционираат со ист критериум како на остатокот на теренот, иако за тоа нема потпорка во правилата.

England didn’t get a penalty here. #argentina #england #worldcup #var #worldcup2026 pic.twitter.com/OPkLYdcTqV— Referee Channel (@RefereeC21621) July 17, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од приведување со старлета до финале на СП: Неверојатна приказна на Славко Винчиќ

Словенечкиот арбитар Славко Винчиќ доби најголемо признание во досегашната судиска кариера…