
Арсенал направи голем чекор кон доведување на Морган Роџерс, еден од најбараните млади офанзивни играчи на европскиот пазар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите објавени од угледниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, лондонскиот клуб е подготвен дополнително да ги забрза преговорите за што побрзо завршување на трансферот.
Роџерс веќе подолго време е првиот избор на Арсенал кога станува збор за засилување на крилните позиции.
Романо наведува дека разговорите со страната на играчот веќе се во завршна фаза, што дополнително го зголемува оптимизмот дека договорот наскоро би можел да биде завршен.
Во Арсенал веруваат дека доаѓањето на Роџерс би донело нова димензија во нивната игра во нападот.
Младиот Англичанец е познат по својата сила, продорност и способноста да создава вишок во ситуации еден на еден, поради што многумина го сметаат за еден од најперспективните играчи на неговата генерација.
Токму поради тие карактеристики, во Арсенал го гледаат како идеално засилување за следната сезона.