На стратегот на Севиља денес му беше извршен хируршки зафат поради ракот на простата.
Фудбалскиот свет беше шокиран кога во медиумите после дуелот помеѓу Севиља и Ливерпул во Лигата на шампионите во медиумите се појави ужасната вест за тренерот на шпанскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Севиља на „Санчез Писхуан“ го пречека Ливерпул, Шпанците губеа со 3:0 на полувремето, а потоа во вторите 45 минути успеаа да стигнат до бод.
Веднаш по натпреварот се појави вест дека Берицо на полувремето на своите фудбалери им соопштил дека боледува од рак на простата.
Сега од Севиља пренесуваат дека врз Берицо била извршена успешна операција и дека во наредните неколку дена ќе биде познато колку долго ќе трае неговото опоравување.
„Попладнево нашиот тренер, Едуадо Берицо е успешно опериран од неодамна откриениот рак на простата. Периодот на неговото опоравување ќе завиди од неговиот напредок во наредните денови“, стои во соопштението од Севиља.