Дома Фудбал Откриено каква драма се случувала во домот на Јамал за време на натпреварот Шпанија – Франција

Откриено каква драма се случувала во домот на Јамал за време на натпреварот Шпанија – Франција

Вистинска драма се случувала синоќа во куќата на Ламин Јамал во Барселона за време на полуфиналниот натпревар од Светското првенство помеѓу Шпанија и Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанија се пласираше во финалето на Светското првенство откако синоќа во Далас со 2:0 ја победи Франција.

Во натпревар кој многумина го нарекоа финале пред финалето, видовме целосна доминација на Шпанија која успеа да со 2:0 ја победи Франција која беше прв фаворит за освојување на златниот медал.

Клучна улога во победата на Шпанија одигра Ламине Јамал, кој успеа да избори пенал во првото полувреме, кој Ојарзабал го претвори во гол за 1:0.

Јамал со семејството ја славеше големата победа по натпреварот, но не ни претпоставуваше каква драма се случувала во неговиот дом во Барселона.

Шпанските медиуми објавија дека полицијата била на адресата на Ламине Јамал за време на натпреварот на Шпанија и Франција, бидејќи две маскирани лица се обиделе да ја ограбат куќата на ѕвездата на Барселона.

Членовите на обезбедувањето на Јамал приметиле дека нешто чудно се случувало, а потоа виделе две лица како се обидуваат да прескокнат ѕид и да влезат на имотот.

Тие успеаја да ги осуетат и спречат да ја ограбат куќата на Јамал, и веднаш повикале полиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Државата помага Зидан да стане селектор!

Зинедин Зидан најверојатно ќе стане селектор на Франција и ќе го замени Дидије Дешан кој с…