Дома Фудбал Неверојатна приказна: Од спиење во автомобил дојде до финалето на Светското првенство

Неверојатна приказна: Од спиење во автомобил дојде до финалето на Светското првенство

Тој го постигна погодокот кој ја одведе Шпанија во финалето на Светското првенство, но зад успехот на десниот бек на Тотенхем, се крие животна приказна исполнета со жртва, сиромаштија и неверојатна поддршка од неговото семејство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Педро Поро беше еден од јунаците во победата на Шпанија над Франција во полуфиналето на Светското првенство, а неговиот гол имаше огромна важност оти ја отвори вратата за големото финале за „Црвената фурија“.

Денес е стандарден репрезентативец на Шпанија и еден од најдобрите десни бекови во светот, но неговиот пат до врвот беше сè само не лесен.

Поро порасна во скромни услови и како дете мораше да го напушти родниот Дон Бенито за да се обиде да ја оствари својата соништа за професионална фудбалска кариера.

Првите фудбалски чекори ги направи во локалниот клуб, по што го продолжи развојот во младинските категории на Рајо Ваљекано и Жирона, далеку од своето семејство.

Неговите родители правеа сè за да му овозможат да продолжи да игра фудбал, иако имаа големи финансиски проблеми.

Мајка му работеше во супермаркет, татко му беше електричар, а голем дел од грижата за децата преземаа дедото и бабата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов пресврт со Јан Диоманде, кој дал ветување на неколку клуба

Јан Диоманде најверојатно ќе остане во РБ Лајпциг и следната сезона, што означува нов прес…