Дома Останати Ракомет Босанецот Хаџиќ си замина од Пелистер!

Босанецот Хаџиќ си замина од Пелистер!

Еурофарм Пелистер и босанскиот ракометар Алем Хаџиќ спогодбено ја завршија соработката, соопшти македонскиот шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот централен бек, кој во Битола пристигна во 2023 година како 16-годишен талент од босански Коњух, по три сезони ќе ја продолжи својата кариера во нова средина.

Хаџиќ остави силен впечаток во младинските категории на Пелистер, каде што беше еден од најзаслужните за историскиот пласман на клубот на завршниот турнир („фајнал-фор“) во младинската Лига на шампиони. Во тоа натпреварување се истакна како најдобар стрелец, а со само 17 години дебитираше и за сениорскиот тим во Лигата на шампионите, притоа постигнувајќи и погодок.

За време на престојот во Битола, босанскиот интернационалец беше дел од генерацијата која освои три последователни шампионски титули во македонското првенство, во периодот од 2023 до 2025 година.

Од клубот му се заблагодарија за придонесот и му посакаа многу успех во продолжението од неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Уште една македонска ракометарка потпиша за Црвена Звезда!

Македонската ракометарка Елена Ѓорѓиевска ќе ја продолжи својата интернационална кариера в…