Дома Фудбал Oскар додека играл во Кина не ја трошел платата, откри како живеел

Oскар додека играл во Кина не ја трошел платата, откри како живеел

Поранешниот бразилски фудбалер Оскар кој неодамна ја заврши својата кариера, го изненади бразилското и светското фудбалско опкружување со неговото последно признание.

Како што објасни Оскар, тој не потрошил ниту една пара од вкупната сума од неверојатни 205 милиони евра што ги заработил играјќи во Кина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оскар замина во Кина кога таму започна фудбалската експанзија, отприлика пред десет години. Тогаш ја напушти екипата на Челси и потпиша договор со Шангај СИПГ за 60 милиони евра.

Тогаш потпиша и богат договор со тимот од Шангај, а денеска сите ги изненади со изјавата дека секој цент заработен во Кина и понатаму стои на посебна сметка.

“Целата плата ја ставив на посебна сметка и никогаш не ја допрев. Мојата фамилија и јас живеевме од бонусите за натпреварите кои беа и така огромни”, изјави Оскар во подкастот The Obi One.

Оскар постигна вкупно 77 голови и 142 асистенции во 248 настапи за Шангај, освојувајќи три пехари во кинеската Суперлига и еден кинески куп.

Поранешната ѕвезда на Челси ја напушти Кина во 2024 година и се врати во својот матичен клуб Сао Паоло, а во април оваа година ја заврши својата кариера на возраст од 34 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Летна бомба од Босфор: Фил Фоден за 70.000.000 евра!?

Галатасарај започна контакти со Манчестер сити во врска со можен трансфер на англискиот ре…